МАЛКУ МУ СЕ ЗБОРОВИ, ПА УШТЕ И ГЕСТИКУЛИРА Пешевска згрозена од говорот на Заев за Данела Арсовска (ВИДЕО)

Ја повикувам претседателката на форумот на жените на СДСМ, Снежана Калевска Ванчева, да ја осуди постапката на премиерот Заев и да застане во одбрана на една жена во политиката, порача Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ.

7,192

Како жена, згрозена сум од нивото на говор на премиерот Заев на митингот на СДСМ во Општина Аеродром, реагира Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Најостро ја осудувам постапката на премиерот, со правење гестикулации со раката да споменува една жена, која е сопруга и мајка и одлучила да се кандидира за градоначалник на Скопје. Верувам дека премиерот и СДСМ при потпишувањето на етичкиот кодекс за фер и демократски избори, не мислеа дека ќе водат ваква кампања. Ја повикувам претседателката на форумот на жените на СДСМ, Снежана Калевска Ванчева, да ја осуди постапката на премиерот Заев и да застане во одбрана на една жена во политиката. Ваквите постапки се недозволиви и од причина што во тек е кампања под насловот ’Заокружи НЕ за насилство врз жените во политиката‘, која кампања верувам дека СДСМ не само декларативно, туку вистински ја поддржува“, напиша Пешевска на Фејсбук.






Поврзани содржини