📷 „МАЛКУ Е ПОСТАРА ОД ТВОИТЕ ДЕЦА“ Поранешниот сопруг на Џесика Алба фатен со 20 години помлада девојка

Продуцентот Кеш Ворен бил забележан со девојка која е 20 години помлада од него, шест месеци откако неговата поранешна сопруга Џесика Алба поднесе барање за развод. Но неговата нова романса наиде на критики.

550

Продуцентот Кеш Ворен бил забележан со девојка која е 20 години помлада од него, шест месеци откако неговата поранешна сопруга Џесика Алба поднесе барање за развод. Но неговата нова романса наиде на критики.

Ворен (46) бил забележан на вечера со манекенката Хана Сан Дор (26) во Лос Анџелес.






„Неговата најстара ќерка има 17 години“, „Мини верзија на Џесика Алба, типично“, „Очигледно има свој тип на жена“, „Срам да ти е. Таа е малку постара од твоите деца“, „Обично не пишувам вакви коментари, но мислев дека е негова ќерка“, беа дел од коментарите на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Us Weekly (@usweekly)

Инаку и Џесика Алба како и нејзиниот поранешен сопруг пронајде помлад партнер.

Додека врската на Ворен со манекенката сè уште не е потврдена, Алба (44) официјално е со актерот Дени Рамирез (32), со кого беше на одмор во Канкун, и беа видени како се бакнуваат.

„Среќен сум за неа. Не го познавам, но ми изгледа како добар човек“, изјави Кеш за ТМЗ за новиот партнер на неговата поранешна сопруга. Тој тогаш рече дека е сингл со коментар: „Јавете ми ако најдете некого“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by hana (@hanasundoerr)


Потсетуваме, актерката и продуцентот беа во брак 16 години, а ги добија ќерките Онор (17), Хевен (13) и Хејза (7).

Поранешните сопружници имаат добар однос, па така на Денот на татковците Алба му порача следново на Ворен: „Нашите бебиња не можеа да имаат подобар татко, нежен, љубезен кој е тука за нив. Тој секогаш знае што да каже. Му се восхитувам на твоето трпение и начинот на кој ја поддржуваш нивната независност, а поради вас тие се чувствуваат безбедно и опуштено по секој разговор. Ти благодарам што им беше поддршка“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by hana (@hanasundoerr)

Поврзани содржини