МАЛКУ ДА СЕ ПОРАДУВА И КАМАЛА Предлог да се повлече Бајден за да биде Харис претседателка барем 30 дена

Џо Бајден може да го исполни своето последно ветување и да ѝ даде шанса на Камала Харис да биде 47. претседател на САД, предложува поранешниот директор за комуникации на американската потпретседателка.

538

Поранешниот директор за комуникации на американската потпретседателка Камала Харис, Џамал Симонс, изјави дека претседателот Џо Бајден треба да и ја отстапи функцијата на Харис, со што таа ќе стане прва жена претседателка на САД, објави порталот Хил.

– Џозеф Бајден беше феноменален претседател, тој исполни многу од ветувањата што ги даде. Остана уште едно ветување што би можел да го исполни – да биде преодна фигура – истакна Симонс.






Тој додаде дека Бајден во следните 30 дена може да поднесе оставка од функцијата претседател и да ја постави Харис за претседателка на САД.

– Тоа прашање е под контрола на Џо Бајден. Ако го направи тоа, ќе го исполни своето последно ветување и ќе ѝ даде шанса на Камала Харис да биде 47. претседател на САД – посочи Симонс.

Неговите коментари уследија откако коментатор на Си-ен-ен предложи да се повлече судијката Соња Сотомајор за да ја замени Бајден со Харис пред да ја преземе функцијата новоизбраниот претседател Доналд Трамп на 20 јануари.

Поврзани содржини