МАЛИТЕ БИЗНИСИ ВО ЕУ ЛАНИ ПЛАЌАЛЕ СТРУЈА ПО 21 ЕВРО ЗА 100kWh Дали е добро што кај нас малите бизнис се на регулирана цена?
Во првата половина од минатата година, малите и средни претпријатија највисока цена на струја плаќале во Романија, 33 евра за 100 киловатчасови, а најниска во Финска и Португалија каде што плаќале по 10 евра за истата количина киловатчасови.
Во првата половина од минатата година компаниите во ЕУ плаќале во просек по 21 евро за 100 киловатчасови електрична енергија, што е помалку отколку во Британија, каде што во просек изнесувала 28 евра, се наведува во извештајот на Комисијата за конкурентност за 2024 година.
Според податоците на Комисијата, САД биле многу поевтини, со просечна цена на струјата за стопанството во првата половина од минатата година од само 7 евра за 100 киловатчасови, а во Јапонија струјата чинела 28 евра за 100 киловатчасови во првата половина на 2022 година.
Во првата половина од минатата година, малите и средни претпријатија најмногу платиле струја во Романија и Унгарија, што ги чинело 33, односно 30 евра за 100 киловатчасови.
Следува Хрватска со цена на струјата за малите и средни претпријатија од 29 евра за 100 киловатчасови. Во групата се и Ирска и Кипар, каде што цената била 28 евра.
Во Германија, најголемата европска економија, малите бизниси плаќале 22 евра за 100 киловатчасови струја, 25 евра во Франција, а во Шпанија чинела 12 евра.
Малите бизниси во Финска и Португалија плаќаа најниска цена за струја, само 10 евра за 100 киловатчасови, а блиску беше и Шведска, каде што чинела 11 евра.
Во првата половина од минатата година, пак, енергетски интензивните економски сектори платиле најмногу струја во Унгарија и Кипар, со 27 евра за 100 киловатчасови. Следат Романија, Холандија и Словачка каде што изнесувала 25 евра и Италија со цена од 24 евра. Блиску е и Хрватска, каде што големите индустриски потрошувачи плаќале по 23 евра за 100 киловатчасови, како и во Австрија и Луксембург.
Во групата водечки економии, енергетски интензивните компании во Шпанија платиле најниска цена за струја, само 11 евра. Во Германија, Франција и Италија била двојно поскапа.
Најевтина струја платиле големите индустриски потрошувачи во Португалија и Финска, само 2 евра за 100 киловатчасови.
За споредба кај нас малите потрошувачи се снабдуваат со струја преку универзалниот снабдувач и имаат регулирана цена на струјата која лани од јануари до јули во скапа тарифа изнесуваше 13,73 денари за киловатчас, или 22,3 евра за 100 киловатчасови. Додека во ноќната евтина тарифа, цената за нив беше 13,51 денар за киловатчас или 21,9 евра за 100 киловатчасови.
Големите бизниси се на отворениот пазар на струја и тие од јануари 2023 година плаќале струја во просек по 150 евра за мегаватчас, a од септември лани цената што ја плаќале изнесувала во просек по 110 евра за мегаватчас.