МАЛИ ПАКУВАЊА, ГОЛЕМИ РАДОСТИ Совршени подарок сетови за 8 Март во dm, по секогаш поволни цени

Во dm можете да изберете сет кој одговара на различни потреби, желби и типови кожа, и да подарите повеќе од производ - да подарите доживување.

0

Понекогаш најубавите подароци доаѓаат во внимателно одбрани сетови кои носат целосно искуство за нега и разубавување. Подарок сетовите се симбол на внимание, практичност и стил, спој на производи што совршено се надополнуваат и создаваат комплетна рутина во едно пакување. Токму затоа се одличен избор за 8 Март, кога сакате со еден гест да покажете грижа и благодарност.

Во dm можете да изберете сет кој одговара на различни потреби, желби и типови кожа, и да подарите повеќе од производ – да подарите доживување.






Слатка мирисна приказна носи подарок сетот Afrodita Cosmetics Sweet Cherries, кој може да биде прекрасно изненадување за 8 Март. Содржи гел за туширање и млеко за тело кои нежно ја чистат и хидрираат кожата. Гелот помага во спречување на сушење, додека млекото за тело обезбедува интензивна хранлива нега и долготрајна мекост. Мирисот на цреша ги буди сетилата и го претвора секојдневниот ритуал во вистинско уживање, оставајќи ја кожата пријатно намирисана и негувана.

За оние кои за 8 Март би одбрале подарок што носи блескав и изедначен тен, сетот Garnier Skin Naturals Vitamin C нуди комплетна рутина. Мицеларната вода е наменета за чистење на лице и врат, отстранува шминка и нечистотии со еден потег без потреба од плакнење и е погодна за сите типови кожа.

Серумот „brightening“ со 3,5% витамин Ц, ниацинамид и салицилна киселина помага во намалување на темните дамки и изедначување на тенот. Серум-кремата со SPF 25 дополнително хидрира, осветлува и штити од штетните влијанија на надворешните фактори, создавајќи видливо посвеж изглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by dm_makedonija (@dm_makedonija)

Доколку сакате за 8 Март да подарите мирис што остава впечаток, сетот Tesori d’Oriente Ayurveda нуди вистинско ориентално доживување. Дезодорансот обезбедува заштита до 24 часа без да остава траги на облеката, со интензивен мирис на амбер, портокал и лимон. Парфемот ги комбинира фините нијанси на овошјето амла и растението пачули, дополнети со цитрусни и амбер ноти за длабоко и опуштачко мирисно искуство. Хармонијата на овие мирисни ноти создава чувство на релаксација и самодоверба.

За подарок за 8 Март што ја става негата во фокус, сетот L’Oréal Paris Hyaluron Specialist нуди интензивна хидратација и „anti-aging“ грижа. Маската за лице со хијалуронска киселина за само 15 минути обезбедува длабинска хидратација и освежен изглед. Дневната крема со два типа хијалуронска киселина ја хидрира површината и продира во епидермисот за враќање на волуменот, додека SPF 20 обезбедува заштита од UVA и UVB зраци. Ноќната крем маска хидрира, ги измазнува фините линии и остава чувство на удобност и смиреност, погодна и за чувствителна кожа.

Подарок сетовите се внимателно креирани комбинации што овозможуваат целосна рутина во едно елегантно пакување, а 8 Март е совршена прилика тие да станат дел од нечие секојдневие. Тие се избор кога сакате да подарите мирис, грижа, текстура и момент посветен само на себе затоа што малите пакувања носат големи радости. Во dm секој сет е можност за насмевка што трае.

Поврзани содржини