Осумте пратеници од националните малцинства во хрватскиот Парламент денеска се согласија да ја поддржат новата влада на ХДЗ, која освои 66 места на парламентарните избори во неделата.
Претставниците на малцинските партии се состанаа во парламентот, а Владимир Билек по средбата соопшти дека е договорена поддршка старо-новиот премиер Андреј Пленковиќ да ја формира владата.
На прашањето какви функции ќе ги добијат во владата, претставникот на чешкото и словачкото малцинство во Саборот кажа дека има можности за тоа, без разлика дали станува збор за министерствата или за позициите на вицепремиер.
-Верувам дека ќе најдеме заеднички јазик со мандаторот да добиеме стабилно мнозинство во парламентот – рече Билек, додавајќи дека тој лично не е заинтересиран за министерска позиција.
Запрашан дали има информации дека Милорад Пуповац ќе добие место во владата, Билек, исто така, кажа дека лидерот на СДС, Милорад Пуповац, не бил заинтересиран за министерско место, потсетувајќи дека Пуповац и претходно имал такви понуди, но не ги прифатил.