МАЛАТА ДАНКА Е ЗАКОПАНА ТАМУ КАДЕ ШТО НИКОЈ НЕ ОЧЕКУВА?! Потрагата по телото на брутално убиеното девојче доби нова насока
Полицијата се сомнева дека телото на 2-годишната Данка Илиќ можеби е закопано на гробишта во некое од околните места на што укажуваат дек од доказите собрани во куќата на убиецот на девојчето.
Полицијата се сомнева дека телото на 2-годишната Данка Илиќ која исчена пред 16 дена во Банско Поље и се претпоставува дека била брутално убиена, може да е закопано на гробишта во околината на Бор. Според новите докази и сознанија, потрагата денеска тргнала во друга насока, пренесуваат српските медиуми.
Мајката на убиецот на Данка потврдила дека полицијата ги одзела лопатите и мотиките од дворот на семејната куќа.
16 дена по исчезнувањето на 2-годишната Данка Илиќ, сè уште не е пронајдено телото на девојчето за кое се претпоставува дека е брутално убиено според сведоштвото на двајцата главни осомничени кои го признале делото, но не откриваат каде е закопа
Дејан Драгијевиќ (50) минатата недела беше уапсен под сомнение дека заедно со Срѓан Јаковиќ ја убиле малата Данка, која со денови ја бараше не само полицијата и луѓето во Србија, туку и половина Европа. Наводно, никој од нив не знае точно каде е телото на Данка, а во меѓувреме во полиција починал братот на убиецот, Далибор Драгијевиќ, кој денеска беше погребан на локалните гробишта во селото Злот. Тој беше осомничен дека го прикрил делото и помагал да се сокрие телото на брутално убиената мала Данка Илиќ (2), која исчезна на 26 март во блиската населба Бањско Поље.
Според последните информации, полицијата наводно се сомнева дека телото на Данка можеби е закопано на истите гробишта. Поради сето ова полицијата ги одзела лопатите и мотиките од куќата на еден од убијците и ги однела на вештачење.
Инаку, полицијата веќе неколку дена собира докази во куќата на Драгијевиќ и ги одзема сите сомнителни предмети со надеж дека ќе најде барем некаква трага каде може да биде телото на детето, а мајката на Дејан за тоа време вели дека не знае зошто го прават тоа, сепак, потврди дека полицијата одзела лопати, мотики…
Мајката на убиецот на Данка потврди дека полицијата им однела сомнителни работи од домот.
– Полицајците земаа ножеви, мотики, лопати, секири и моторна пила… Не знам што сакаат – изјавила за медиумите Светлана Драгијевиќ.
Инаку, денеска беше погребан Далибор Драгијевиќ, кој пред смртта требаше да биде на распит во просториите на Вишото јавно обвинителство во Зајечар. Тој беше осомничен дека го прикрил делото и помагал да се сокрие телото на брутално убиената мала Данка Илиќ (2), која исчезна на 26 март во блиската населба Бањско Поље.
Убијците на Данка имале соучесник, полицијата сè уште утврдува кој помогнал во поместувањето на нејзиното тело
Нејзиното тело не е пронајдено ниту по седмиот ден од потрагата по признанието на убиството.
Република.рс пренесува дека Ивана Илиќ, мајката на малата Данка Илиќ е во тешка психичка состојба и дека одбива да јаде откако исчезна нејзиното девојче. Како што дознава „Република“ од најблиското опкружување, Ивана престојува кај роднина со синот Лазар за да ги избегне медиумите кои со голем интерес го следат случајот што ја потресе Србија и регионот.