МАЛА НО ГОЛЕМА РАЗЛИКА Што е разликата меѓу „употрбливо до“ и „најдобро да се употреби до“

На различни пакувања на храна има различни ознаки, но што тие навистина значат.

1,440

Истражувањата покажуваат дека речиси една третина од храната произведена во светот завршува во ѓубре. Една од најчестите причини е неразбирањето на етикетите кои го покажуваат рокот на траење на храната. Затоа Европската Унија годинава планира реформа во означувањето на декларациите за храна. Ниту жителите на ЕУ, ниту на Македонија не ја разбираат доволно разликата меѓу етикетите „употребливо до“ и „најдобро да се употреби до“, поради што големи количини храна, особено во домаќинството, се фрлаат по датумот наведен на пакувањето.

Ознаката „употребливо до“ се користи за лесно расипливи производи, кои после датумот кој е назначен на пакувањето можат да бидат штетни за здравјето на луѓето. „Пред истекот на рокот, добро е таквите производи да се подложат на конзервирање, било со примена на покачени температури, некоја кулинарска обработка или замрзнување на таквите производи. Тоа се свежо месо, свежа риба, свежи сирења, млечни производи, јајца. Од друга страна, ознаката „најдобро се користи до“ се користи за производи кои можат да траат од неколку месеци до неколку години.






Тоа се производи кои се многу постабилни. Со оваа одредница производителот гарантира минимален период во кој производот има врвен квалитет и безбедност. По истекот на тој „рок на траење“ практично не значи дека следниот ден тој производ станува небезбеден. Не е небезбедно, но таквите производи може да имаат пад на квалитетот.

Совет е ваквата храна да се прегледа и да се проба по истекот на рокот. Ако нема промени во вкусот и мирисот, а има, да речеме, боја или крцкавост, може да се користи без страв.

Целта е да се преполови количината на фрлената храна

Бидејќи производството на храна троши ограничени и вредни ресурси во Европската Унија, во согласност со целите за одржлив развој на ОН, сите членки треба да ја преполоват количината на фрлена храна до 2030 година.

„Целата храна што ја фрламе е наша загуба, загуба за нашите државата и она што е важно е загадувањето што го создава оваа залудно потрошена храна. Кога ја фрламе храната, придонесуваме за загадување на земјата, воздухот и водата, бидејќи уништената храна испушта осум проценти од вкупните стакленички гасови на глобално ниво, кои потоа индиректно доведуваат до климатски промени и го отежнуваат одгледувањето нова здрава храна“, се вели во објавениот извештај на ЕУ.

Засега не се знае точно како ќе изгледа реформата на означувањето на храната во ЕУ, но има неколку предлози. Од рокот на траење на лесно расипливите производи да биде означен со црвена боја, а на поиздржливите производи со зелена боја, до тоа целосно да се отстрани рокот од сувите тестенини, чајот, кафето, зачините, оризот

Поврзани содржини