МАЛА ГРУПА ГЛОБАЛНИ ОЛИГАРСИ ГИ КУПИЈА НАШИТЕ ДЕМОКРАТИИ Милионери бараат зголемување на данокот на супербогатите

Во отворено писмо, тие истакнуваат дека екстремното богатство ја корумпира политиката, ја промовира социјалната исклученост и ја влошува климатската криза.

149

Речиси 400 милионери и милијардери од целиот свет ги повикуваат лидерите да ги зголемат даноците за супербогатите, предупредувајќи дека екстремното богатство ја загрозува демократијата, социјалната правда и климатската рамнотежа.

Пораката беше испратена пред почетокот на Светскиот економски форум во Давос, а ја потпишаа актерот и режисер Марк Рафало, музичарот Брајан Ино и продуцентката и филантроп Абигејл Дизни.






Во отворено писмо, тие истакнуваат дека екстремното богатство ја корумпира политиката, ја промовира социјалната исклученост и ја влошува климатската криза.

„Мала група глобални олигарси со екстремно богатство ги купија нашите демократии, ги презедоа владите, ја задушија слободата на медиумите, ја монополизираа технологијата и иновациите, ја продлабочија сиромаштијата и социјалната исклученост и го забрзаа падот на планетата. Она што го цениме, богатите и сиромашните, полека се губи поради оние кои сакаат да го зголемат јазот помеѓу нивната моќ и остатокот од општеството.Во момент кога дури и милионери како нас признаваат дека екстремното богатство им чини на сите други сè друго, нема сомнение дека општеството несигурно балансира на работ на бездната“, се вели во писмото.
Анкета спроведена за групата „Патриотски милионери“ покажа дека 77% од милионерите од земјите од Г20 веруваат дека екстремно богатите купуваат политичко влијание.

Анкетата која е спроведена на 3.900 луѓе со средства поголеми од еден милион долари, без недвижности, исто така покажа дека три петтини веруваат дека Доналд Трамп имал негативно влијание врз глобалната економска стабилност.

Повеќе од 60 проценти од испитаниците веруваат дека екстремното богатство ја загрозува демократијата, додека две третини поддржуваат повисоки даноци за супербогатите да инвестираат во јавни услуги.

Хуманитарната организација „Оксфам“ објави дека минатата година се родиле рекорден број милијардери, со што глобалниот број за прв пат надмина 3.000.

– Минатата година зголемувањето на богатството на милијардерите беше без преседан – вели извршниот директор на „Оксфам Интернешнл“, Амитаб Бехар.

Најбогатите 1 процент сега поседуваат три пати повеќе од вкупното јавно богатство на светот.

Поврзани содржини