МАЛА ГОСПОЃИЦА ВДОМИ КУЧЕ ОД ЈП „ЛАЈКА“ Теди ја има најслатката сопственичка

Него на Денот на животните го вдоми двегодишната Маргарита која е и најмладиот вдомувач на куче згрижено во ЈП „Лајка“.

2,784

Теди повеќе не е бездомно куче кое талка по скопските улици и тагува по својата сопственичка. Него на Денот на животните го вдоми двегодишната Маргарита која е и најмладиот вдомувач на куче згрижено во ЈП „Лајка“.

– Искрено се радуваме на ваквите вдомувања.Го поздравуваме овој гест на родителите кои уште од најрана возраст ја развиваат љубовта и емпатијата кон животните кај својата најмила.Воспитувањето во духот на хуманоста е една од највисоките вредности кои може да се развијат уште во детството на секое дете – велат од ЈП „Лајка“.

Поврзани содржини