📽 МАЛ АВИОН СЕ УРНАЛ ВО МОЧУРИШТЕ СО КРОКОДИЛИ НА ФЛОРИДА Пилотот 9 часа чекал да го спасат
Авионот се урнал во многу изолираната област Еверглејдс до која можат да пристапат само специјализирани единици, пилотот се здобил само со полесни повреди и бил пренесен во болница.
Американските власти спасија пилот кој поминал 9 часа во мочуриштата Еверглејдс на Флорида на крилото на неговиот потонат авион. Во водите на Еверглејдс живеат и крокодили и алигатори.
Според Федералната управа за авијација, едномоторниот авион Cessna 172M се урнал околу 02:20 часот во вторникот, но властите добиле извештај за падот на авионот дури околу 10 часот, јавува NBC Miami.
Авионот се урнал во многу изолираната област Еверглејдс до која можат да пристапат само специјализирани единици.
На видеото на кое е снимена спасувачката акција, се гледа како хеликоптер стигнува до пилотот кој си ја преврзал повредената ногата и го носи на безбедно.
При падот на авионот во опасната област, пилотот се здобил само со полесни повреди и бил пренесен во болница.