МАЛ АВИОН ИСЧЕЗНА ОД НЕБОТО НАД ХРВАТСКА Летал од Марибор кон Пула – започна потрагата
Акцијата за пребарување и спасување ја координира началникот на Службата за цивилна заштита Госпиќ.
Хрватската контрола на летање го известила Оперативниот центар дека денеска, околу 12:30 часот северно од Језеране, изчезнал мал авион „Cirrus 20“ со ознака PHYMC, кој бил на лет од Марибор кон Пула.
Оперативниот центар за цивилна заштита започнал акција за пребарување и спасување на леталото.
На терен се испратени вработени во Службата за цивилна заштита од Карловац и Госпиќ, полицајци, припадници на станиците ХГСС – Карловац, Госпиќ и Огулин и пожарникари од ДВД Бриње, а активирана е и државната интервентна единица за цивилна заштита во Риека и Загреб.
Акцијата за пребарување и спасување ја координира началникот на Службата за цивилна заштита Госпиќ.