МАКСО ВО ОХРИД, ГОРДАНА ВО БИТОЛА, БУЈАР ВО ШУТО ОРИЗАРИ Петти ден од изборната кампања

Претседателските кандидати продолжуваат да ги промовираат платформите пред граѓаните.

359

Петти ден од кампањата за претседателските избори, претседателските кандидати преку митинзи, дебати, како и средби со граѓани, ги презентираат нивните програми.

Кандидатот поддржан од СДСМ и Коалицијата и актуелен претседател, Стево Пендаровски, кој ќе ја бара поддршката од граѓаните за втор мандат, ќе одржи митинг во скопските општини Кисела Вода и во Аеродром.






Кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, денеска ќе ја презентира нејзината програмата во Новаци, Демир Хисар и Битола.

Кандидатот за претседател на државата од Европскиот фронт, Бујар Османи, во Општина Шуто Оризари ќе одржи панел дискусија на тема: Еднаквост, консензуалност и социјална кохезија.

Во Централната канцеларија на албанската Коалиција „Вреди“, кандидатот за претседател Арбен Таравари ќе одржи прес-конференција на плоштадот „Скендербег“ во Скопје.

Кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, ќе ја презентира програмата под наслов „Манифест за Македонија“, во Охрид, Дебрца, Велмеј и Лешани.

Билјана Ванковска, кандидат за претседател од Левица ја продолжува претседателската кампања со средби со граѓани во Богданци и во Гевгелија.

Поврзани содржини