МАКСО ВЕЧЕРВА ВО СКОПЈЕ ЈА ПРОМОВИРА НОВАТА ПАРТИЈА Ќе се вика ЗНАМ и ќе сака да покаже дека знае како да ги промени работите во државата

„Да се ставиме целосно во служба на Македонија и на нашиот народ“, повика кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, идејниот творец на партијата.

1,941

Вечерва (понеделник, 9 октомври) во 20 часот хотелот „Холидеј ин“ во Скопје ќе се одржи промоција и потпишување на иницијативата за формирање нов субјект на политичката сцена во земјава на нова политичка партија ЗНАМ – За наша Македонија.

Основач на оваа партија е Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово и поранешен истакнат член на СДСМ.






Се очекува иницијативата да ја потпишат 10 граѓански здруженија.

Димитриевски ги повика сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на настанот и да дадат свој придонес во креирање на еден нов субјект кој што има за цел, како што вели, да ги смени работите во државата, да ги промени процесите, од граѓаните за граѓаните.

– Да се ставиме целосно во служба на Македонија и на нашиот народ – повика Димитриевски.

 

Поврзани содржини