МАКСО ТВРДИ ДЕКА НЕ ПРЕГОВАРА ЗА МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА Движењето ЗНАМ најави свој кандидат за градоначалник во Куманово
ЗНАМ за сите отворени прашања и забелешки разговара со премиерот, како и во работната група во која учествува како политички субјект и таму се разговара, преговара и се усогласуваат политиките, велат од партијата на Максим Димитриевски.
Нема преговори за размена на ресори помеѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на локалните избори во октомври годинава, соопшти партијата на Максим Димитриевски.
„Владиното мнозинство е стабилно и нема преговори за размена на ресори со нашиот коалиционен партнер ВМРО-ДПМНЕ“, информираат од ЗНАМ откако дел од медиумите објавија дека Димитриевски наводно преговара со премиерот Мицкоски за министерското место во Одбрана.
ЗНАМ за сите отворени прашања и забелешки разговара со премиерот, како и во работната група во која учествува како политички субјект и таму се разговара, преговара и се усогласуваат политиките, додаваат од партијата.
„Истовремено се следи реализацијата на владината програма и основните принципи и начела врз кои почива договорот за поддршка на владината програма. Движењето ЗНАМ- За Наша Македонија на локалните избори, како што е веќе најавено, ќе настапи со свои кандидатски листи за советници. Во однос на градоначалничките места се преговара со коалициониот партнер ВМРО-ДПМНЕ за истакнување на кандидати на ЗНАМ или на ВМРО-ДПМНЕ по одредени општини, каде поддршката од двете партии ќе ја добие кандидатот на онаа што ќе биде истакнат за градоначалник уште во првиот круг од изборите. Што се однесува до Куманово, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ќе има свој кандидат за градоначалник. Партиските тела и органи во Куманово ќе одлучат кој ќе ја има честа да учествува во траката за тоа место“, наведено е во реакцијата.