МАКСО СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА Не им го вртам грбот на членовите на СДСМ, ама не сакам да сум дел од политички интриги

Се заблагодарувам на сите кумановчани коишто денеска дадоа масовна поддршка на една ваква иницијатива бидејќи сепак тие заслужуваат почит и признание, рече актуелниот кумановски градоначалник Максим Димитриевски.

4,243

Во ниту еден момент не сум ѝго свртел грбот на социјалдемократската идеја, а најмалку на членовите на СДСМ, но нема да дозволам да бидам составен дел на одредени политички интриги на поединци кои извршуваат одговорни и политички функции, рече актуелниот градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски, во денешното директно вклучување во Дневникот на Сител.

Тој тврди дека концептот за независна кадидатура за градоначалник на Куманово е следниот победник на изборите во оваа општина.






– Ние сме соочени да се натпреваруваме со кој било останат кандидат од која било политичка партија или граѓанска опција, затоа што нудиме добри решенија за нашиот град, за нашите граѓани и повеќе од јасно е дека и анализите го потврдуваат тоа. Целата оваа иницијатива дојде токму од граѓаните и голем број на поддржувачи, членови и активисти и симпатизери коишто дојдоа и побараа од мене покрај внатрепартиската постапка да излезам со еден ваков концепт и да побарам граѓанска поддршка. Во секој момент сум отворен и верувам дека моето актуелно политичко раководство на партијата ќе изнајде начин и сили до последен момент да подржи една ваква кандидатура – рече Димитриевски.

Тој посочи дека во ниту еден момент не го свртил грбот на социјалдемократската идеа, а најмалку на членовите на Социјалдемократскиот сојуз.

– Нема да дозволам и да бидам составен дел на одредени политички интриги на поединци во склопот на мојот политички субјект коишто извршуваат одговорни и политички функции. Затоа ја послушав иницијативата на граѓаните и денеска се одлучив на ваков потег. Се заблагодарувам на сите кумановчани коишто денеска дадоа масовна поддршка на една ваква иницијатива бидејќи сепак тие заслужуваат почит и признание – додаде Димитриевски.

Поврзани содржини