МАКСО НАЈАВУВА УБЕДЛИВА ПОБЕДА НА ИЗБОРИТЕ „За наше Куманово“ ќе стане „За наша Македонија“

959

Кога и да се изборите, иницијативата „За наше Куманово“ ќе се трансформира во државна иницијатива, најави кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

– Дали таа ќе се вика за наша Македонија, за подобра држава или било како, ќе биде граѓанска иницијатива од граѓаните за граѓаните и ќе учествува на изборите, без разлика дали ќе има своја официјална регистрација како субјект или со обезбедување на потписи од граѓаните. А на следните парламентарни избори, кога и да се случат, ќе издвојуваме убедлива победа. Ве уверувам дека тоа ќе се случи на државно ниво. Зошто? Затоа што конечно после 30 години во независна држава е дојдено времето на граѓанинот – рече Димитриевски.
Движењето на кумановски градоначалник е присутно во Прилеп, Крушево и во Тетово, а следни за освојување се Кочани, Штип и Гевгелија.






– И така ќе ја поминеме цела Македонија. Ќе создадеме вакви здруженија на граѓани, значи не политички партии, затоа што граѓаните се уморни од политиката и политичката поделеност. Нашето општество е поделено во целост по политички основ. Потребна е нова политичка сила којашто ќе излезе од граѓаните и за граѓаните, да ги седне сите на иста маса – категоричен е Димитриевски.

Поврзани содржини