МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ ВЕДНАШ ДА ГО УРНЕ БАЛИСТИЧКИОТ СПОМЕНИК ВО ВОИНОВИЌ! Кумановскиот градоначалник има законска обврска да го стори тоа, вели Левица

Жителите на Куманово се згрозени од чинот на поставување на необалистички обележја на територијата на градот, кој преставува основоположник на антифашистичката борба на македонскиот народ – вели Левица.

1,074

Дали градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски ќе постапи согласно законите и ќе го урне дивоизградениот балистички споменик на УЧК во населеното место Воиновиќ – праша Левица во соопштение.

Ваквите дивоградби го нарушуваат амбиентот на почит и почитување на државниот поредок и претставуваат директна закана по безбедноста и унитарноста на Републиката. Жителите на Куманово се згрозени од чинот на поставување на необалистички обележја на територијата на градот, кој преставува основоположник на антифашистичката борба на македонскиот народ.






Левица бара градоначалникот Максим Димитриевски веднаш да постапи во согласност со законот и да ја острани дивоградбата во село Воиновиќ и воедно го потсетува Димитриевски дека е градоначалник на град во кој пукнала првата пушка во борбата против фашистичкиот окупатор“ – се вели во соопштението на Левица.

 

Поврзани содржини