Максим Димитриевски: Не постои Македонец кој ќе се согласи да му се избрише историјата

2,800

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во емисијата Студио 10 истакна дека е жално што позивитните односи со Бугарија ескалираа на ваков начин во чисто политиканство. Тој ја доживува Бугарија како пријателска земја.

Тој, неодамна го врати орденот на Каракачанов и испрати протесно писмо.






– Мојот гест беше личен. Не постои Македонец кој ќе се согласи да му се избрише историјата – вели Димитриевски и смета дека треба работата да се смири.

Димитриевски вели дека е апсурдна сегашната реторика на министерката Захариева. Во однос на ветото, тој смета дека Македонија е физички во Европа и дека ќе бидеме членка на ЕУ. Верува дека  Бугарија ќе ја сфати тежината на тоа што значи да се стави вето.

 

Поврзани содржини