МАКРОН Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА КИНА Алијансата може да се прошири во НАТО?
Ако Кина не сака НАТО да биде вклучен во Југоисточна Азија, треба да спречи (Северна Кореја) да се ангажира на европско тло, рече францускиот претседател за време на говорот на големиот самит за одбрана во Сингапур.
Францускиот претседател Емануел Макрон денес ја предупреди Кина дека НАТО би можел да го зголеми своето учество во Азија ако Пекинг не направи повеќе за да ја спречи Северна Кореја да учествува во војната во Украина на страната на Русија.
– Северна Кореја во Украина е големо прашање за сите нас. Ако Кина не сака НАТО да биде вклучен во Југоисточна Азија, треба да спречи (Северна Кореја) да се ангажира на европско тло – рече Макрон за време на говорот на големиот самит за одбрана во Сингапур.
Ставот на Франција долго време беше дека трансатлантската воена алијанса не треба да го шири својот дострел во Азија, а земјата водеше кампања за блокирање на отворањето на канцеларија за врски на НАТО во Јапонија во 2023 година, објави Политико.
– Се спротивставив на улогата на НАТО во Азија затоа што не верувам во учество во стратешкото соперништво на некој друг – рече Макрон, алудирајќи дека Париз можеби ќе ја преиспита таа позиција.
Францускиот претседател, исто така, предупреди на ризикот од нуклеарна пролиферација и потенцијалниот колапс на светскиот поредок воспоставен по Втората светска војна, повикувајќи ги азиските земји да бидат „независни“ и од САД и од Кина.