Макрон: Ние сме во војна, здравствена војна

– Ве замолувам да останете дома. Ве замолувам да останете смирени - нагласи Макрон.

479

Францускиот претседател Емануел Макрон во обраќање до нацијата нагласи дека „ние сме во војна“ против коронавирусот и најави дополнителни ограничувања за движење во Франција.

– Ние сме во војна. Здравствена војна, секако, но војна – рече претседателот во обраќањето, кога најави нови и построги мерки за борба против ширењето на епидемијата на новиот коронавирус во Франција.






– Ве замолувам да останете дома. Ве замолувам да останете смирени – нагласи Макрон.

– Почнувајќи од утре, напладне, целото движење ќе биде силно редуцирано. Средби со вашите пријатели на улица нема да бидат можни – потенцираше францускиот претседател.

фото : EPA / MICHEL SPINGLER POOL

Поврзани содржини