МАКРОН НЕ ДАВА НАТО ДА СЕ ШИРИ ВО ЈАПОНИЈА Францускиот претседател пак не сака да биде вазал?
Отпорот на Макрон доаѓа два месеци откако тој ги налути САД и другите сојузници сугерирајќи, за време на посетата на Кина, кога рече дека Европа не треба да биде вазал на американските политики кон Кина во врска со прашањето за Тајван. Франција има право на вето за прашањето за канцеларија во Токио.
Францускиот претседател Емануел Макрон се спротивстави на предлогот на НАТО за отворање канцеларија во Токио, она што Кинезите го нарекоа „азиско НАТО“. Тој верува дека Алијансата треба да остане фокусирана на сопствениот северноатлански регион. Ова ќе ги искомплицира напорите на САД и Јапонија, велат за Фајненшл Тајмс осум анонимни извори.
– Ако … го туркаме НАТО да го прошири спектарот и географијата, ќе направиме голема грешка – изјави Макрон на конференција минатата недела.
Отпорот на Макрон доаѓа два месеци откако тој ги налути САД и другите сојузници сугерирајќи, за време на посетата на Кина, кога рече дека Европа не треба да биде вазал на американските политики кон Кина во врска со прашањето за Тајван. Тогаш неговата изјава предизвика тектонски поместувања.
НАТО молчи, Франција има право на вето
За формирање на нова канцеларија на НАТО во Јапонија потребна е едногласна поддршка од Северноатлантскиот совет, највисокото тело во Алијансата. Франција има моќ да го запре потегот.
НАТО одби да даде детали за „тековните размислувања“, а јапонската влада не коментираше. Но, јапонски функционер рече дека Токио сака да ги зајакне врските со Алијансата. Белата куќа пак, не одговорила на барањето за коментар на Фајненшл Тајмс.
НАТО во Јапонија, ама Кина ќе ѝ испорачува оружје на Русија?
Еден од луѓето запознаени со дебатата внатре во НАТО рече дека Франција не сака да поддржи нешто „што придонесува за тензијата меѓу НАТО и Кина“.
Друг официјален претставник од Париз, посочи дека идејата на Макрон за ограничување на НАТО до северниот Атлантик може да значи дека Европа нема да има кредибилитет да бара од Пекинг да не испорачува оружје на Русија.
Јапонија е како Украина, само на другиот крај од Русија
Нобукатсу Канехара, поранешен висок функционер во администрацијата на Абе, рече дека Јапонија ја поддржува Украина бидејќи верува дека прашањата на двата краја на Евроазија се поврзани.
– Односите меѓу Јапонија и НАТО станаа брзо поблиски бидејќи ја имаат на ум Кина – рече тој.
Жозеп Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, во саботата рече дека Европа и Азија имаат „директен удел во безбедноста на другите“ и дека мора да работат заедно за да избегнат конфронтација во Индо-Пацификот.
НИКОЈ НЕМА ДА ЈА УЧИ ФРАНЦИЈА Макрон не се кае што рече дека нема да биде американски вазал