📷 МАКРОН Ѝ НАМИГНA НА КЕЈТ МИДЛТОН Кралот Чарлс не останал покус, францускиот претседател му намигнал и нему
На луксузниот банкет не недостасувале весели моменти – кралот Чарлс се пошегувал за францускиот цртан лик Астерикс, кој не можел да ја разбере британската страст за чај со млеко, а гостите биле послужени со „англиско пенливо вино“ произведено од француска шампањска куќа.
Францускиот претседател Емануел Макрон беше фотографиран како ѝ намигнува на принцезата од Велс додека разменуваа топли зборови за време на свечената банкет-вечера во замокот Виндзор, одржана во вторникот. Макрон беше сместен веднаш до принцезата Кејт, а двајцата биле видени како наздравуваат и разговараат низ целата вечер, објави британски Експрес.
Оваа свеченост, прва по 2014 година што се одржа во Виндзор поради реновирањето на Бакингемската палата, го означи и почетокот на тридневната државна посета на францускиот лидер во Обединетото Кралство. Макрон дури и му намигнал на кралот додека го одржувал својот говор, споменувајќи ги културните врски меѓу Франција и Велика Британија, како и фактот дека Французин – Вилијам Освојувачот – ја започнал изградбата на замокот Виндзор пред повеќе од 900 години, а неговиот син Вилијам денес живее таму.
Кралот Чарлс им се обратил на гостите – меѓу кои биле кралицата, принцот и принцезата од Велс, премиерот и високи членови на владата – со зборовите:
– Господине претседателе, самитот што вие и премиерот ќе го одржите во Лондон оваа недела ќе ја продлабочи нашата алијанса и уште повеќе ќе го прошири нашето партнерство. Нашите армии ќе соработуваат уште поблиску ширум светот, вклучително и во поддршката за Украина, како дел од Коалицијата на подготвените – во одбрана на слободата и вредностите. Со други зборови, во одбрана на нашите заеднички идеали.
Меѓу гостите на раскошниот банкет биле и Сер Мик Џегер со свршеницата Мелани Хамрик, Сер Елтон Џон со сопругот Дејвид Фурниш, како и актерката Дејм Кристин Скот Томас.
На вечерата присуствувале и војводата и војвотката од Единбург, принцезата Ана и нејзиниот сопруг, вицеадмиралот сер Тим Лоренс, поранешната голманка на Англија Мери Ерпс (сега член на Пари Сен Жермен), авторите Џоан Харис и Себастијан Фолкс и скулпторот сер Ентони Гормли.
Имало и весели моменти, кога кралот се пошегувал за францускиот цртан лик Астерикс, кој не можел да сфати зошто Британците толку сакаат чај со малку млеко и спомна дека вечерта се служело „англиско пенливо вино произведено од француска шампањска куќа“.
Тој ги опишал и „совршените комбинации“ меѓу Франција и Британија – како сликите на Моне со лондонската магла и славниот француски фудбалер Тјери Анри кој дава голови на стадионот Хајбери во дресот на Арсенал.
И Макрон одржач говор, претежно на француски, но дел и на англиски, во кој зборувал за позајмувањето на гобленот од Баје, кој ќе биде изложен во Британскиот музеј следната година.
– Првпат по 900 години, гобленот од Баје ќе ја следи истата патека како и воините чии приказни ги раскажува и ќе слета на британско тло. Недостигаат последните сцени кои или никогаш не биле изработени или се изгубиле. Јас го гледам тоа како уште посилен симбол – во големиот мурал на француско-британската историја, крајот сè уште не е напишан – рекол Макрон.
Фотографијата од моментот кога Макрон ѝ намигна на Кејт Мидлтон можете да ја погледнете ТУКА.
📷 МОДЕН ДВОБОЈ НА КЕЈТ МИДЛТОН И БРИЖИТ МАКРОН Која дама се облече подобро за средбата во Лондон?