📷 МАКРОН НА МАКЕДОНСКИ Ѝ ЧЕСТИТАШЕ ПОБЕДА НА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА „Се отвора нова страница кај нашите македонски пријатели“
Франција останува на страната на Македонија за да ја придружува во реформите и нејзината европска иднина, напиша Емануел Макрон во пораката до првата македонска претседателка, Гордана Силјановска Давкова.
Францускиот претседател Емануел Макрон во порака напишана на македонски јазик ѝ честиташе на Гордана Силјановска Давкова за нејзината голема победа на претседателските избори со која стана прва жена претседател на Македонија.
„Се отвора нова страница кај нашите македонски пријатели. Ја поздравувам храбрата посветеност на Стево Пендаровски, а на Гордана Силјановска Давкова ѝ ги упатувам моите срдечни честитки за изборот за Претседател. Франција останува на страната на Северна Македонија за да ја придружува во реформите и нејзината европска иднина“ – напиша Макрон на Фејсбук.