МАКРОН НАЈАВИ „КРАЈ НА ИЗОБИЛСТВОТО“ ЗА ФРАНЦУЗИТЕ Претседателот ја спореди кризата со голем пресврт

Можеби изгледа дека моментот во кој живееме е структуриран од низа сериозни кризи … и можеби некои ја гледаат нашата судбина како постојано управување со кризи или итни ситуации. Што се однесува до мене, верувам дека она низ кое минуваме е повеќе голема промена или голем пресврт, истакна Макрон на владината седница.

224

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги предупреди Французите за „големата промена“ што ќе донесе „крај на изобилство“ и „безгрижноста“.

– Можеби изгледа дека моментот во кој живееме е структуриран од низа сериозни кризи … и можеби некои ја гледаат нашата судбина како постојано управување со кризи или итни ситуации. Што се однесува до мене, верувам дека она низ кое минуваме е повеќе голема промена или голем пресврт – истакна Макрон на владината седница.






Тој додаде Французите поради сето тоа можат да бидат вознемирени, затоа од министрите побара „да ги именуваат работите многу јасно“.

– Очекувам Владата да го почитува дадениот збор и обврските што ги презедовме кон нацијата – истакна Макрон и ги повика своите министри да не подлегнуваат на демагогија и да бидат сериозни и кредибилни.

Поврзани содржини