📽️ МАКРОН ИМ СЕ РАЗВИКА НА ЖИТЕЛИТЕ НА МАЈОТ Францускиот лидер не сака да биде обвинуван за штетите од циклонот

Јас не сум циклон. Не сум одговорен, им возврати францускиот претседател на жителите на архипелагот во Индискит Океан кои го дочекаа со свирежи и повици за оставка.

723

Францускиот претседател Емануел Макрон се соочи со критики за време на посетата на Мајот, француски архипелаг во Индискиот Океан.

Локалните жители го пречекаа со свирежи и повици за негова оставка, па Макрон одговори:






– Јас не сум циклон. Не сум одговорен.

 

Макрон вчера пристигна во Мајот, пет дена откако циклонот Чидо предизвика огромна штета. Илјадници луѓе сè уште немаат пристап до вода, а спасувачите продолжуваат со напорите за пронаоѓање на исчезнатите лица. Макрон рече дека ја продолжил посетата во знак на почит.

Тој вети дека ќе испрати повеќе помош и додаде дека Франција го прогласи понеделникот за национален ден на жалост. Француските власти објавија дека најмалку 31 лице загинале, но се очекува бројот на жртвите да биде многу поголем, а илјадници сè уште се водат за исчезнати.

Голем дел од архипелагот сè уште е без електрична енергија.

Поврзани содржини