МАКРОН И ШОЛЦ НА ШТРЕК ПО ПОБЕДАТА НА ТРАМП Европа се спрема за трговска војна со САД

Додека францускиот и германскиот претседател утринава се согласиле да работат на посилна ЕУ по победата на Трамп, аналитичарите проценуваат дека евентуалните американски тарифи за Европа би значеле штета од милијарди евра.

1,058

Францускиот и германскиот претседател утринава телефонски договориле дека ќе работат на посилна Европа по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Ова го објави францускиот лидер Емануел Макрон на социјалната мрежа Икс.

„Ќе работиме за пообединета, посилна, посуверена Европа во овој нов контекст. Во соработка со Соединетите Американски Држави и преку бранење на нашите интереси и вредности“, напиша Макрон.






Европската Унија се спрема за евентуална трговска војна со САД по најавите на Трамп дека ќе воведе тарифи за германските автомобили кои се увезуваат на американско тло.

Трамп предизборни најави основни тарифи од 20 проценти на увозот во САД од сите трговски партнери и 60 проценти на увозот од Кина.

Овие мерки на реизбраниот американски претседател би предизвикале значителна економска штета од околу 33 милијарди евра само за Германија.

Ифо Институтот, еден од најголемите германски економски тинк-тенк групи, проценува дека германскиот извоз во САД би можел да се намали за околу 15 проценти.

Дополнително, германскиот извоз во Кина би се намалил за 10 проценти, бидејќи извозот на Кина во САД би претрпел масивен пад.

 

Поврзани содржини