Франција е на почеток од кризата предизвикана од новиот коронавирус и е во трка за запирање на неговото ширење, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.
– Ние сме на почетокот од оваа криза. Презедовме исклучителни мерки за да го апсорбираме овој прв бран, но влеговме во трка против вирусот – изјави Макрон на почетокот на кризниот состанок во Министерството за внатрешни работи.
Тој додаде дека мора да се реагира сеопфатно.
– Мораме да ги предвидуваме работите кои ќе се случуваат – посочи Макрон.