МАКРОН ЈА ПРЕДУПРЕДИ ГЕРМАНИЈА ДЕКА ЌЕ ОСТАНЕ САМА Пукна тиквата околу цената на гасот
Германија е под силна критика од партнерите поради спротивставувањето на ограничувачките мерки за цената на гасот, како што бараа другите земји-членки на ЕУ, а Франција го поддржува таквиот потег, наведе германската агенција.
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Брисел издаде предупредување до Германија дека може да остане изолирана ако се противи на ставање капак на цената на гасот. Тој сепак рече дека ќе соработува со германскиот канцелар Шолц во изнаоѓањето решение за проблемите со цената на гасот во Европа, јави ДПА.
– Мислам дека не е добро ниту за Германија, ниту за Европа, доколку Германија се изолира – рече Макрон при неговото пристигнување на самитот на лидерите на ЕУ, нагласувајќи ја важноста од одржување на единството.
Германија е под силна критика од партнерите поради спротивставувањето на ограничувачките мерки за цената на гасот, како што бараа другите земји-членки на ЕУ, а Франција го поддржува таквиот потег, наведе германската агенција.
Макрон, исто така, денеска соопшти дека Франција, Шпанија и Португалија се договориле да изградат нов проект за гасовод меѓу неговата земја и Пиринејскиот полуостров, напуштајќи го спорниот гасовод MidCat.