МАКРОАТА ЌЕ ИМААТ ЛЕГАЛНИ КАНЦЕЛАРИИ Сексуалните работнички во Белгија се изборија за правата

Според новиот закон во Белгија, сексуалните работници ќе имаат право на здравствено осигурување, пензии, надоместоци за невработени и други семејни надоместоци, годишен одмор, а и на породилно отсуство.

341

Белгија стана првата земја во светот која усвои закон за договори за вработување на лица кои се занимаваат со проституција, пишува британски Телеграф.

Според новиот закон, ако сексуалната работничка одбие клиент повеќе од 10 пати во текот на 6 месеци, макрото може да иницира интервенција со државен посредник, но не може да ја отпушти работничката. Сексуалните работнички ќе имаат и право на здравствено осигурување, пензии, надоместоци за невработени и други семејни надоместоци, годишен одмор, а и на породилно отсуство.






– Овој закон е прв од ваков вид во светот. Не можам доволно да нагласам колку е ова важно . Со овој модел, Белгија навистина покажува дека нејзината цел е да ги заштити сексуалните работници, без оглед на моралните проценки што луѓето можат да ги имаат кон нив – рече портпаролот на синдикатот на сексуалните работници во Белгија „УТСТОПИ“, Ден Бовенс.

Работниците добија одредени права, а работодавачите добија услови за работа. Ова го вклучува и правото да се одбие клиент или сексуален чин, како и правото да се прекине сексуалниот чин во секое време без страв од казна.

Сексуалните работници ќе можат да го раскинат договорот во секое време без најава и нема да го изгубат правото на надоместок за невработеност.

Ќе биде заштитена и анонимноста на работниците бидејќи договорите ќе се даваат под исто име како и договорите за вработени во угостителството или хотелиерството. Ова осигурува дека тие можат да аплицираат за други работни места без страв од дискриминација. Овој закон не ги штити работничките права на порно актери или стриптизери.

Макроата мора да имаат регистрирана канцеларија во Белгија и мора да аплицираат за работна дозвола пред да им понудат договори на работниците.

Нема да им биде издадена лиценца на макроата ако се осудени за кривични дела, вклучувајќи сексуален напад, убиство, изнуда, злоупотреба на сексуални работници или воајеризам. Тие мора да им обезбедат на своите вработени копче за аларм кое мора да биде во просторијата каде што се обезбедуваат овие услуги.

Некои земји, како Нов Зеланд, Германија и Холандија, ја признаа работата на проститутките уште пред Белгија, но никогаш не воспоставиле слична правна рамка. Белгискиот парламент го усвои законот, по долгогодишно лобирање, со 93 гласа „за“, 33 воздржани и ниеден против.

Поврзани содржини