„Макпрогрес“ донираше 500.000 денари на посебната сметка на Министерството за здравство

449

„Макпрогрес“ ДОО Виница донираше финансиска помош од 500.000 денари на посебната донаторска сметка на Министерство за здравство со цел набавка на опрема и медицински помагала за нашите болници, донација во храна за СОС Детското село и донација на заштитна опрема за локалните институции.

„Во исклучително тешкиов период за сите нас и предизвикот со кој сите се соочуваме, ‘Макпрогрес’ ДОО Виница една од водечките прехранбени индустрии во Македонија е силно посветена кон задоволување на потребите на населението посебно водејќи грижа за здравјето и заштитата на своите 730 вработени. Како општествено одговорна компанија ја информираме јавноста дека уплативме финансиска помош од 500.000 денари за донаторската сметка на Министерство за здравство, а со цел набавка на опрема и медицински помагала за нашите болници. Во меѓувреме, силно делуваме и локално и регионално снабдувајки ги локалните институции со потребна заштитна опрема како маски, скафандери, ракавици и срества за дезинфекција. Покрај овие две донации, оваа недела се реализира и донацијата во храна за СОС Детското село во Скопје, сѐ со цел да дадеме поддршка на нашите пријатели за полесно справување со ситуацијата во која се наоѓаме“, се наведува во соопштението од компанијата.






„Макпрогрес“ Виница е една од водечките домашни прехранбени индустрии со над 700 вработени и извоз во преку 50 држави ширум светот. Под капата на „Макпрогрес“ се добропознатите брендови Винчини, Сончева Долина, Армониа, Натура, Фантасиа и Дониа.

„Нашите препораки се да ги следиме упатствата од Минитерството за здравство и СЗО, да се грижиме за себе и за тие околу нас, да бидеме искрени и посветени. Само така ќе можеме да се справиме со пандемијата. Чувајте се и бидете ни здрави и безбедни“, порачуваат од компанијата.

Поврзани содржини