МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ СЕ ВЕЕШЕ ВО ПЕКИНГ Дехари и Цветановска го виореа на отворањето на Игрите (ГАЛЕРИЈА)

Освен нив двајца, во нордиско скијање на ЗОИ ќе нѐ претставува и крушевчанецот Ставре Јада, кој вторпат ги носи боите на Македонија. Македонските олимпијци веќе се сликале и на твитер објавија слики. На една од нив, Ана и Дехари на своето лице ја носат црвената боја. На другата се сликале како вежбаат на некој од терените.

374

Нашиот натпреварувач и алпски скијач Дардан Дехари го вееше македонското знаме на отворањето на Зимските олимписки игри во Пекинг, само пред десетина минути, заедно со неговата колешка Ана Цветановска. Македонското знаме се појави на два големи дигитални екран на игрите во  салата наречена „Птичје гнездо“.

Еве како се тоа изгледаше:






Тричлениот тим на Македонија го комплетира крушевчанецот Ставре Јада, кој вторпат ги носи боите на Македонија. Од тројцата, за жал, Ана Цветановска нема да настапи на утрешната трка во крос канти во дисциплините 7,5 километри слободно плус 7,5 километри скијатлон на Игрите во Пекинг, објави попладнево Македонскиот олимписки комитет (МОК), прецизирајќи дека одлуката за тоа ја донела Меѓународната скијачка федерација (ФИС). Се работи за лимитираниот број на женски спортисти кои можат да настапат, а квотата била исполнета, објаснуваат од МОК.

Својот единствен настап на зимската Олимпијада, која денеска свечено беше отворена, Цветановска ќе ја има на 10 февруари во трката на 10 км-класично. Трката е со почеток во 08:00 часот по македонско време.

Македонските олимпијци веќе се сликале и на твитер објавија слики. На една од нив, Ана и Дехари на своето лице ја носат црвената боја. На другата се сликале како вежбаат на некој од терените.

 

 

 

 

Олимписките игри почнаа со многу контроверзии и политика. Меѓу другото, коронавирусот направи некои од спортистите веќе да не можат да учествуваат. На пример, трикратниот олимписки првак во нордиска комбинација, Германецот, Ерик Френцел е позитивен на коронавирусот уште пред самиот старт.

EPA-EFE/MARK CRISTINO

Заразен со вирусот е и неговиот клупски колега Терен Вебер, а откако позитивен резултат на тестирањето вчера доби и Норвежанецот Јарл Магнус Рибер, сега сите тројца главни кандидати за медалите во нордиска комбинација на Игрите во Пекинг се во изолација.

– Сите најдобри се надвор од патеката поради короната. Тоа можеби е и поради претходните натпреварувања во рамки на Светскиот куп. Состојбата е безизлезна. Требаше тие натпреварувања да се поместат додека не заврши Олимпијадата – изјави Рибер.

Свеченоста по повод отворањето на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг е уште во тек. Таа почна со уметничка точка со која беше претставено доаѓањето на пролетта во Кина и голем огномет над стадионот со транспарент со натпис „Пролет“.

На церемонијата, меѓу другите, присуствуваат кинескиот претседател Си Џипинг, неговиот руски колега Владимир Путин и претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах.

На ЗОИ ќе настапат 2.900 олимпијци во седум спортови и 15 дисциплини.

Поврзани содржини