МАКЕДОНСКОТО ДЕВОЈЧЕ ВО ЛОНДОН ПИШУВА КНИГА ЗА МАКЕДОНСКАТА КУЈНА Низ приказни за луѓето ги запознава Англичаните со нашата традиција

Ова што го доживувам секој пат кога доаѓам тука, во Англија го нема. Тоа е љубовта и чувството како да се знаеш со години со некој што тукушто си го запознал, вели нашата Спасиа Динковски која овојпат во земјата на своите родители и претци доаѓа со потпишан договор за книга со британска издавачка куќа. Книга посветена на македонската храна, култура и обичаи, низ приказните на луѓето што ги запозна тука, проткаени со многу вкусни залаци

737

Спасиа Динковски е девојката со македонски корени која е родена во британскиот град Кроли, а живее во Лондон каде што ги разгалува лондончани со своите огромни македонски порции со деликатесни егзибиции во чија основа е рецептот за бурекот на баба ѝ Славка.

Овојпат таа се врати во Македонија со потпишан договор со британската издавачка куќа ДК (Дорлинг Киндерсли Лимитед, британска мултинационална издавачка компанија, дел од Penguin Random House), за книга за македонската храна и традиција.






Спасиа која е родена во Кроли, Англија, често ги минувала летните распусти кај баба ѝ Славка во Скопје, а последниве две години, од речиси анонимна готвачка во повеќе мали ресторани во Лондон, стана вистинска ѕвезда со својот Mystic Borek. На почетокот од 2022. година во онлајн и во печатеното издание на британскиот Гардијан, рецензијата на 50 најдобри омилени јадења на Observer Food Monthly (ОФМ) која се објавува секоја година, започнува токму со Спасиа Динковски и нејзиниот Mystic Börek: најдобрите печива на Инстаграм.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини