„МАКЕДОНСКО СЕЛО“ ЌЕ ЗАЖИВЕЕ ПО 7 ГОДИНИ ЗАПУШТЕНОСТ Досега направило загуба од повеќе од 300.000 евра

Концесионерот има обврска да ги преземе сите потребни активности за оспособување на Комплексот за почеток со работа од 01.06.2025 година.

544

омплексот „Македонско село“ повторно ќе стане центар на културата, автентичната архитектура и македонска традиција и наскоро ќе се врати на туристичката и културната мапа на Македонија, соопшти Службата за општи и заеднички работи (СОЗР).

Директорот на Службата, Ивица Томовски, денеска ја потпишал одлуката за избор на концесионер на комплексот, кој се избрал по пат на електронско јавно наддавање преку системот со кој управува и оперира Министерството за финансии.






Концесионерот има обврска да ги преземе сите потребни активности за оспособување на Комплексот за почеток со работа од 01.06.2025 година.

– Комплексот „Македонско село“ не функционира речиси седум години, откако претходните концесионери се повлекоа поради финансиски загуби, а во меѓувреме, СОЗР редовно ги исплаќаше трошоците за осигурување и обезбедување и практично имаше финансиски загуби од над 300.000 евра. Со изборот на концесионер, правиме сериозен чекор кон враќање во живот на еден уникатен простор кој ќе биде отворен за сите граѓани, туристи и љубители на традицијата – велат од СОЗР.

Комплексот „Македонско село“, кој се наоѓа на падините на Водно, блиску до селото Нерези, се состои од 12 автентични куќи, со простории каде се претставени македонските занаети, делови се користат како хотелски соби, а некои имаат и ресторански дел.

Со реотворањето на комплексот, ќе бидат создадени услови за поттикнување на развојот на туризмот со што ќе се создадат услови и за зајакнување на локалната економија, отворање нови работни места, а ќе биде унапреден и туристичкиот капацитет во Скопје што ќе влијае на зголемен број туристи не само во Скопје, туку воопшто и во земјава, додаваат од СОЗР.

Поврзани содржини