МАКЕДОНСКО ИМЕ НЕМА ДА ЗАГИНЕ Демонстрантите пеат и фрлаат јајца кон клубот цар Борис III

Медиумите јавуваат дека обидот за прво апсење демонстрант кој фрлал некаков предмет кон клубот, завршило со судир и полицијата се откажала од намерата.

737

Демонстрантите фрлале со јајца и други предмети кон седиштето на бугарскиот клуб именуван по контроверзниот цар Борис Трети, во Охрид.

Големо полициско обезбедување се обидува да спречи да дојде до ескалација на протестот.






Демонстрантите извикуваат „АСНОМ живее“, веат знамиња од СФРЈ, од Вергина, како и македонското државно знаме, и пеат „Македонско име нема да загине“. На терасата пред клубот, пак, е поставена голема слика од цар Борис III.

Неколку полицајци се качиле на катот и застанале пред клубот откако демонстрантите почнале да фрлаат предмети кон седиштето.

Членовите на клубот прво немо го набљудувале протестот, а потоа почнале да им возвраќаат на демонстрантите на бугарски јазик и го развеале знамето на цар Борис III штo ги испровоцира демонстрантите.

Порталот А1 он јави дека обидот за прво апсење демонстрант кој фрлал некаков предмет кон клубот, завршил со судир и полицијата се откажала од намерата.

Атмосферата во центарот на Охрид е тензична.

Поврзани содржини