МАКЕДОНСКИТЕ ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАНИ ПОСКАПЕЛЕ ПОВЕЌЕ ОД ЕВРОПСКИОТ ПРОСЕК Една земја ги зголеми цените на аранжманите дури за 49,5%

Земјите каде што цените на аранжманите паднаа во јули се Данска (0,2%), Црна Гора (1 отсто), Финска (2,7%), Малта (2,9%) и Норвешка (3,9%).

164

Цените на туристичките аранжмани во земјава во јули се зголемени повеќе отколку во речиси сите европски земји. Додека просечното зголемување на цената на пакет аранжманите во јули во Европската унија (ЕУ) изнесуваше 6,6%, според Евростат, во Македонија цената на туристичките пакети се зголеми за дури 16,5%, јави дописникот на МИА од Белград.

Во споредба со земјите од регионот, високо зголемување на пакет аранжманите имаше и Србија каде што аранжманите за туристите во јули поскапеле за 15,2%, покажуваат податоците на Евростат, соопшти Bloomberg Adria.






Аранжманите во Хрватска во јули се повисоки за 9% во однос на истиот период лани, во Словенија за 6,7%, во Албанија за 1,4%, додека туристичките аранжмани во Црна Гора се пониски за 1%.

Најголемо поскапување на туристичките аранжмани имало во Турција, каде што цените пораснале за дури 49,5%. Следува Франција, каде услугите за туристите се повисоки за 22,2%. Повисоките цени во Франција може да се препишат на одржувањето на Летните олимписки игри, со оглед на тоа што Париз заедно со уште неколку градови беше домаќин на оваа светска спортска манифестација од 26 јули до 11 август.

Потоа, повисоки цени на аранжманите за туристи се забележани во Италија (19,5 %), Кипар (16,7), а веднаш зад овие земји се Македонија и Србија.

Земјите каде што цените на аранжманите паднаа во јули се Данска (0,2%), Црна Гора (1 отсто), Финска (2,7%), Малта (2,9%) и Норвешка (3,9%).

Во ЕУ цената на пакет аранжманите во јули е повисока за 6,6%. Цената на домашните аранжмани е зголемена за 11,1%, а на меѓународните за 5,7%.

Поврзани содржини