МАКЕДОНСКИТЕ РАКОМЕТАРКИ НЕМА ДА ОДАТ НА МУНДИЈАЛОТ Изгубија од Полска 23:21

Најефикасна на средбата беше ракометарката од Полска, Балсам која постигна 7 голови, додека во македонската селекција со 5 голови се истакна Дамјановска.

196

Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе чека нова прилика за пласман на светско првенство затоа што не успеа во двомечот со Полска.

Фаворитот во баражот вечерва победи и во Битола со 23:21 и во ниту еден момент не го доведе во прашање учеството на ракометниот мундијал во Холандија и Германија.






Македонските ракометарки во текот на целиот натпревар играа добро во одбраната и лошо и неефикасно во нападот. На семафорот најчесто имаше израмнет резултат, а само еднаш водство од 8:7, додека во останатиот дел од дуелот гостинките искусно одржуваа блага предност и на крајот победија со 23:21.

Најефикасна на средбата беше ракометарката од Полска, Балсам која постигна 7 голови, додека во македонската селекција со 5 голови се истакна Дамјановска.

Приходот од продадените влезници ќе биде дониран за настраданите семејства во Кочани.

Поврзани содржини