МАКЕДОНСКИТЕ РАКОМЕТАРИ ВО БАРАЖОТ НА СВЕТСКО ПРОТИВ УКРАИНА ИЛИ СЛОВАЧКА Еве кои се паровите во другите групи

Термини за одигрување на натпреварите се 13-14.мај (прв натпревар) и 16-17.мај (реванш). 

33

Македонските ракометари во борба за пласман на Светското првенство односно во баражот 3 ќе играат со победникот од дуелот Украина – Словачка. Ова е епилогот од денешното извлекување на двојките за баражот од третата фаза.

Противникот ќе биде познат во март годинава кога ќе се играат бараж дуелите меѓу Украина и Словачка.






Другите двојки за пласман на СП 2027 се:

Победник Босна и Херцеговина / Косово – Фарски острови

Чешка – Франција

Швајцарија – Италија

Победник Финска/Црна Гора – Словенија

Победник Србија / Литванија – Унгарија

Шпанија – Победник Грузија / Израел

Победник Грција / Белгија – Холандија

Норвешка – Победник Турција/ Романија

Австрија – Победник Полска / Летонија

Термини за одигрување на натпреварите се 13-14.мај (прв натпревар) и 16-17.мај (реванш).

Поврзани содржини