МАКЕДОНСКИТЕ РАКОМЕТАРИ ГО ЗАВРШИЈА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО НА 14. МЕСТО Малку подобро од 2024, малку полошо од Фарските Острови
Охрабрувачки звучи фактот што на претходното европско ракометно првенство Македонија беше на 17. место, но депримира сознанието дека на ова првенство ќе бидеме веднаш зад Фарските Острови, кои најверојатно, поради подобрата гол-разлика, ќе бидат на 13. место.
Македонската ракометна репрезентација го заврши настапот на Европското првенство на 14. место, во конкуренција на вкупно 24 репрезентации, откако не успеа да избори пласман во главната рунда, и покрај победата во последното коло од групната фаза.
Охрабрувачки звучи фактот што овој пласман е малку подобар од тој на претходното европско ракометно првенство, но депримира сознанието дека на ова првенство ќе бидеме веднаш зад Фарските Острови, кои најверојатно, поради подобрата гол-разлика, ќе бидат на 13. место. Претходното Европско првенство во ракомет за мажи се одржа во 2024 година, во Германија, Шведска и Норвешка, а Македонија го освои 17. место.
Во решавачките натпревари од групата, Македонија ја совлада Романија со 24:23, во драматичен меч решен во самиот финиш, со што ја задржа надежта за пласман понатаму. Сепак, паралелниот дуел целосно ја урна таа можност – Португалија ја победи Данска, резултат кој значеше дека македонската селекција, и покрај освоените три бода, останува на третото место во групата и го завршува шампионатот.
Можеби ќе ве интересира
Епилогот од групата беше јасен: Португалија и Данска продолжија во главната рунда, а Македонија и Романија го завршија учеството. Така, македонските ракометари не успеаја да направат чекор повеќе, иако во последното коло ја покажаа својата борбеност и карактер.
Шампионатот за Македонија почна со тежок пораз од Данска, натпревар на кој фаворитот ја оправда улогата. Во второто коло следуваше значајно подобрување во играта и реми со Португалија (29:29), резултат што ја остави репрезентацијата во игра за пласман понатаму. Победата над Романија во третото коло ја заокружи групната фаза со една победа, едно реми и еден пораз, но тоа на крајот се покажа како недоволно.
Со ваков расплет, Македонија го затвори Европското првенство со солиден, но недовршен впечаток – покажан потенцијал и борбеност, но и уште една потврда дека за исчекор повеќе на големите натпреварувања потребни се континуитет и подобра реализација во клучните моменти.