МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ ПОИМ НЕМАЛЕ ЗА ДРОГАТА Од МВР велат дрогата во возилото била заборавена од 2016 година
Кога стигнале на границата меѓу Албанија и Црна Гора, во возилото била пронајдена марихуана, која била скриена под седиштата. Но, вработените во МВР немаат никаква врска со дрогата, туку таа била скриена во автомобилот, односно останала од 2016 година кога ова возило било запленето во акција на Царинската управа, а потоа дадено на Агенцијата за управување со одземен имот, од каде пак е отстапено на МВР, велат од полиција.
МВР го потврди случајот дека македонски полициски службеници се фатени со дрога во Црна Гора, но велат дека станува збор за претходно запленета дрога која останала во возилото.
Вработени во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика се упатиле на обука во Црна Гора, а за патувањето задолжиле службено возило од автопаркот на МВР. Возилото инаку претходно било добиено од Агенцијата за управување со одземен имот, а било запленето од страна на Царинската управа во акција за сузбивање на трговија со дрога во 2016 година.
– Кога стигнале на границата меѓу Албанија и Црна Гора, во возилото била пронајдена марихуана, која била скриена под седиштата. Но, вработените во МВР немаат никаква врска со дрогата, туку таа била скриена во автомобилот, односно останала од 2016 година кога ова возило било запленето во акција на Царинската управа, а потоа дадено на Агенцијата за управување со одземен имот, од каде пак е отстапено на МВР. Вработените во МВР немаат никаква поврзаност со дрогата и тоа го потврдило и албанското јавно обвинителство и тие се веќе вратени во Скопје, а за целиот случај го известивме и нашето јавно обвинителство за натамошно постапување и расчистување на случајот – велат од МВР за Прес24.