МАКЕДОНСКИТЕ МЛАДИ ФУДБАЛЕРКИ ПАК ЗАГУБИЈА Естонија ни даде пет голови, последен натпревар ќе биде со Молдавија

По поразот од Украина од 3-0 во воведниот натпревар, македонската кадетска репрезентација евроквалификациите ги завршува в недела против Молдавија.

253

Со 5-0 загубија нашите млади фудбалерки од Естонките во квалификациите за Европското првенство на жени фудбалерки до 17 години, а ова е втор нивен пораз досега, јавува МИА. Македонските фудбалерки беа во подредена улога на теренот и за 90 минути не упатија ниту еден удар кон противничкиот гол.

Победникот на натпреварот одигран во Талин беше одлучен веќе по првото полувреме, кое домаќинките го решија во своја корист со 4-0 со головите на Таркмел (12), Лилеметс (12), Салеи (45) и Орлова (45+1). Конечниот резултат го постави Салеи со својот втор гол на натпреварот во 78 минута.






По поразот од Украина од 3-0 во воведниот натпревар, македонската кадетска репрезентација евроквалификациите ги завршува в недела против Молдавија.

Поврзани содржини