МАКЕДОНСКИТЕ ИСТОРИЧАРИ СЕ ДОБРО ОБУЧЕНИ ФАЛСИФИКАТОРИ Бугарскиот историчар Топалов вели дека македонскиот јазик е српско-бугарски дијалект
Ние сакаме многу малку од нив, тие не се подготвени да се откажат, дури ни не го почитуваат договорот, вели членот на бугарската Комисија за историски прашања, професорот Кирил Топалов, во интервју за БГНЕС.
Членовите на Комисијата за историски прашања од македонска страна се добро обучени фалсификатори на историјата, кои многу добро ги знаат фактите, а не сакаат да ја признаат вистината, вели членот на бугарската Комисија за историски прашања, професорот Кирил Топалов, во интервју за БГНЕС.
Тој оценува дека македонската страна не го почитува Договорот за добрососедство од 2017 година, особено делот за општата историја.
– Тоа значи дека до 1944 година бевме еден народ со еден јазик – бугарски народ со бугарски јазик. Потоа ја создадоа оваа српско-македонско-дијалектно-бугарска мешавина што ја нарекуваат македонски јазик. Тие може си го нарекуваат како што сакаат. Но, наше право е да го признаеме како таков или не. Ние сакаме многу малку од нив, тие не се подготвени да се откажат, дури ни не го почитуваат договорот – вели Топалов.
Според него, бугарската позиција кон Македонија во 2022 година треба да остане отворена за дијалог, отворена за деловни односи и како што вели, подготвена да помогне на нашата земја и на луѓето од нашата крв да се приклучат кон ЕУ.