Хакерската група „AnonOpsMKD“ која на денот на изборите го нападна агрегатот „Тајм.мк“, објави нова порака преку која им се заканија на сите партии доколку изберат Албанец за Премиер, како и дека не се поврзани со нападот на ДИК, а за тоа ги посочија нивните „браќа“ од Косово.
Еве како гласи новата порака на македонските хакери:
– Здраво на сите, Ви фалевме?
Неколку точки објаснувања околу целиот „хаос“:
– Не сме поврзани со нападот на ДИК, за тоа обратете се кај браќата од Косово, а доколку ви треба помош за пронаоѓање на сторителите отворете „дарквеб“, тие 2-3 „сајбер“ експерти во МВР знаат што е „дарквеб“, ако не ги имате тие „под Кале“.
– Не сме поврзани со ниту една партија, сите партии ќе го јадат подеднакво во текот на наредните недели, без разлика дали сте полуписмени, продадени души, фашисти или терористи.
– Не сме финансирани од ниту една партија, странска држава или странска служба, финансирани сме од гневот кон уништувачите на Македонија.
– Не сме Руси, Кинези, Унгарци, духови сме, нас не не наоѓате, ние ве наоѓаме вас.
Сега едно предупредување, буквална ЗАКАНА кон сите партии:
Ако дозволите ДУИ да ве натера да изберете Албанец за Премиер, во замена за мандати – очекувајте цела Македонија ќе биде превртена наопаку, целосен „блекдаун“ ќе ви се случи во рок од 24 часа, не си го играјте к…от со македонскиот народ.
Очекувајте повеќе твитови и интересни напади наскоро и не се замарајте да барате ИП адреси, логови или да ги контактирате Твитер за помош, ИП адрестата ни е на Марс, логовите пак во Дрисла.
„We do not forgive, we do not forget. Expect us.“