Македонските граѓани не можат да патуваат во Италија
Италија забрани влез и за државјани на уште 12 други земји.
Италија од денеска забранува влез на нејзина територија од 13 земји за кои процени дека имаат премногу случаи на ковид-19.
На списокот, составен од Министерството за здравство, се Ерменија, Бахреин, Бангладеш, Бразил, Босна и Херцеговина, Чиле, Кувајт, Северна Македонија, Молдавија, Оман, Панама, Перу и Доминиканската Република.
– Забраната се однесува на сите што престојувале во тие земји или поминале низ нив во изминатите 14 дена – изјави министерот за здравство Роберто Сперанца.
Патниците од сите други земји надвор од Европската унија и Шенген-зоната можат да влезат во Италија, но по пристигнувањето тие мора да поминат 14 дена во карантин.
– Пандемијата е во најостра фаза низ целиот свет – рече Сперанца