Македонските фудбалерки ќе играат со Англија, Австрија, Северна Ирска, Летонија и Луксембург за квлаификација на СП

Натпреварите ќе се играат од септември 2021 година до септември 2022 година.

272

Македонската женска фудбалска репрезентација ќе игра во групата „Д“ со селекциите на Англија, Австрија, Северна Ирска, Летонија и Луксембург во квалификациите за Светскиот куп 2023.

Во овие квалификации ќе учествуваат рекордни 51 репрезентација, поделени во шест групи со по шест тимови и три групи со пет селекции.






Натпреварите ќе се играат од септември 2021 година до септември 2022 година.

Победниците од деветте квалификациски групи ќе се пласираат директно на финалниот турнир во Австралија и Нов Зеланд, додека второпласираните во групите ќе играат баражи во октомври 2022 година.

Поврзани содржини