МАКЕДОНСКИТЕ ФУДБАЛЕРКИ ДОБИЈА НОВ СЕЛЕКТОР Александар Андов ќе дебитира против Латвија
Александар Андов досега ја извршуваше функцијата асистент во стручниот штаб на претходниот селектор Кирил Изов, а на селекторската должност ќе дебитира на 5 април во воведниот натпревар од квалификациите за пласман на ЕП 2025 против Латвија.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го назначи денеска Александар Андов за нов селектор на македонската женска фудбалска репрезентација. Андов на селекторската позиција доаѓа на местото на Кирил Изов.
Андов досега ја извршуваше функцијата асистент во стручниот штаб на Изов, а на селекторската должност ќе дебитира на 5 април кога македонските фудбалерки гостуваат во Латвија во воведниот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство чиј домаќин во 2025 година ќе биде Швајцарија.
Должноста селектор на македонските фудбалерки Изов ја извршуваше од мај 2016 година.
„ФФМ упатува благодарност до Кирил Изов за неговиот професионализам и посветеност во текот на извршувањето на селекторската функција. Во оваа прилика му посакуваме многу среќа во понатамошната кариера“ – соопшти ФФМ.