МАКЕДОНСКИТЕ ЈАБОЛКА СЕ ПРСКААТ 10-12 ПАТИ Преспанчани наместо по едно, јадат по кило јаболка на ден

Денеска е светски ден на јаболката, па ни се чинеше како добар ден за да ги прашаме преспанчани колку јаболка дневно јадат, а колку пати годишно ги прскаат. Тие тврдат дека е најважно јаболката да не се прскаат 30 дена пред берба

2,860

Денес, по повод светскиот ден на јаболката (20.октомври), ќе потсетиме на нивните здравствени придобивки, но ќе ви откриеме и колку се прскани македонските јаболка.

Сите знаеме дека има многу здравствени придобивки од консумирањето јаболка и не постои лекар или нутриционист кој нема да се согласи дека е добро да се јаде барем по едно јаболко секој ден. Така, на сите ни е позната и онаа изрека дека со едно јаболко на ден, не ви е потребен лекар, како и дека јаболката се најздрави кога се јадат свежи и цели, односно, со кора. Барем така беше порано. Ама последниве години сите ја имаме истата дилема – дали ова важи и денес со оглед на тоа што многу години јаболката се на врвот на листата на најпрскано овошје.






Кога кај нас ќе се спомнат јаболка, се разбира, на сите паметот ни оди во Преспа. Имено, производството на јаболка во Преспа има долга традиција, а за тоа зборува и учеството на јаболка од Преспа на изложба на јаболка во далечната Калифорнија, и тоа пред стотина години. Преспанските. јаболка добиле највисоки признанија за квалитет.

Затоа и нашите соговорници денес, на светскиот ден на јаболката, се од овие краишта.

Прочитајте го целиот текст на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини