Македонскиот станува официјален јазик на ниво на ЕУ

1,127

Во Предлог-преговарачката рамка за Северна Македонија што денеска ја усвои Европската комисија, одредницата што се користи за именување на јазикот е – македонски (Macedonian), без никакви дополнителни објаснувања или фусноти, дознава „360 степени“.

Ова се смета за чин на официјално признавање на македонскиот јазик на ниво на ЕУ и негова промоција во еден од официјалните јазици на Европската Унија во иднина.






Северна Македонија ќе мора да го преведе заедничкото европско право (acquis communautaire) на македонски пред официјалното зачленување во ЕУ, пишува во Предлог-преговарачката рамка, наведува порталот.

Поврзани содржини