Македонскиот репрезентативец закачил корона: „Ковид позитивно семејство, ќе се вратиме посилни“

„Ковид позитивно семејство. Ќе продолжиме да се бориме и ќе се вратиме посилни. Останете безбедни и здрави“, напиша Ристовски на социјалните мрежи.

816

Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски, кој синоќа се повреди и не го доигра мечот против Ерменија во Никозија, денеска преку социјалните мрежи откри дека во следниот период ќе мора да остане во домашна изолација, бидејќи тој и неговото семејство се позитивни на вирусот ковид-19.

„Ковид позитивно семејство. Ќе продолжиме да се бориме и ќе се вратиме посилни. Останете безбедни и здрави“, напиша Ристовски на социјалните мрежи.

Поврзани содржини