Македонскиот саксофонист Ице Атанасовски, кој долги години свиреше во групата „Модус“, почина од компликации од ковид-19.
„Познатиот музичар-саксафонист, нашиот драг и ценет пријател Ице Атанасовски од Битола почина од компликации со коронавирусот“, објавија на социјалните мрежи неговите роднини и колеги.
Атанасовски претходно го прележал ковид-19, но по извесно време му се појавиле компликации како последица од коронавирусот.
Ице Атанасовски е роден 18 ноември 1978 година во Битола и до пред некоја година беше член и на групата „Модус“.